Захариевски го доби првото засилување: Босанчиќ потпиша за Вардар!
Вардар имаше лош старт на сезоната, по што си замина тренерот Горан Петрески, а на негово место стигна Срѓан Захариевски кој веднаш доби засилување во средниот ред.
Босанчиќ во кариерата играше за екипите на Инџија, Чачак, Колубара, Беране, Лахти, ДЛ Про и Струга.
Србинот го носеше дресот на Струга во 2020/21 и 2021/22 при што настапи на 48 меча во Првата лига, а притоа постигна 10 голови и 11 асистенции.