
Бојан Илиевски од Македонија Ѓорче Петров ново засилување за шампионот
Ново име во редовите на Струга Трим Лум е дефанзивецот Бојан Илиевски.
Илиевски во тимот на Струга пристигнува од Македонија Ѓорче Петров каде што играше од 2022 година.
Станува збор за фудбалер кој потекнува од школата на Пелистер, но настапуваше и во дресот на Работнички.