Беса објави дека ќе игра во Гостивар, а ФК Гостивар ќе биде домаќин во Маџари!

На неколку недели пред своето деби во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Беса објави дека своите натпревари како домаќин нема да игра на својот стадион во Добри дол, туку во Гостивар.

Можеби тука нема ништо чудно, ако се знае дека игралиштето во Добри дол не ги исполнува критериумите за играње во елитната конкуренција, но интересно е тоа што раководството на Фудбалскиот клуб Гостивар одлучи претстојната сезона да биде домаќин во Скопје, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. И сето тоа откако минатата сезона имаше значајни инвестиции на стадионот во Гостивар за кој се надеваше дека ќе го добие на долгогодишна концесија.

Беса обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига, првпат во својата историја откако минатата сезона го освои првото место во второлигашката конкуренција.