
Беласица гневна на судијата, Ајдуци со оригинална парола во Неготино! (ФОТО)
Беласица своето мислење за мечот го кажа веднаш по завршувањето. Струмичкиот тим објави пост на социјалните мрежи со кој го посочи судијата Димитар Лавески како играч на натпреварот.
Струмичани дури го имаат напишано судијата Лавески како стрелец на единствениот погодок на мечот.
Но, навивачката група на Беласица, Ајдуци добро се забавуваше во Неготино. Тие имаа креативна парола со која ги зајадоа домаќините, а на неа пишуваше: „Заеби вино, дај мастика“.