Запален автомобил на газда на босански тим зашто избркал фудбалерки кои го величале Ратко Младиќ!?
Според неговото соопштение, инцидентот се случил околу 2.15 часот, кога непознати лица го запалиле автомобилот, но за среќа на брзата интервенција на пожарникарите била спречена поголема материјална штета.
Инцидентот доаѓа во период кога СФК Либеро беше во центар на внимание затоа што отпушти неколку фудбалерки, кои претходно го величале воениот злосторник Ратко Младиќ.
Хубјер побара надлежните институции што побрзо и темелно да го истражат случајот и да утврдат кој стои зад палењето, дали постоел нарачател и кој бил вистинскиот мотив за нападот.
Фото: Facebook/Senad Hubjer