За да нема „војна“: Приштина бара да се забрани мечот Трепча - Црвена звезда!

Ждрепката за првото коло во Купот на Србија, предизвика протести во Приштина. Причина за тоа е што Црвена звезда и Трепча од Косово ќе ги одмерат силите уште во раната фаза од натпреварувањето.

Поради тоа фудбалската федерација на Косово веќе презеде активности за да го спречи натпреварот во Косовска Митровица.

Приштинските медиуми објавија отворено писмо објавено од Фудбалската федерација на Косово, барајќи од УЕФА да забрани играње на Трепча против Црвена звезда.

Во соопштението тимот Tрепча се нарекува „нелегален клуб од Северна Митровица“ бидејќи се натпреварува во српската лига иако седиштето и е во Косово, а одигрување на натпреварот наводно ќе предизвикува дестабилизација во северно Косово.

Властите во Приштина велат дека нивниот фудбалски совет е единствениот легитимен на просторијата на Косово и дека секој мора да ја прифати оваа реалност.