Велковски со Риека го освои Купот на Хрватска

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски го освои Купот на Хрватска со својата Риека, после вечерашната победа во финалето со 1-0 против вицепрвакот Локомотива Загреб.

Велковски, кој го одигра целиот меч, доби и жолт картон во финалето, со својот клуб го одбранија ланскиот трофеј, ама првпат нашиот репрезентативец игра во финалето, зашто лани поради сериите повреди повеќе беше во аут одошто на терен. Ова за него е првиот трофеј со настап во финалето, а вкупно втор со Риека откако во овој клуб дојде во летото 2018 година од Вардар, после серијата успеси со црвено-црните во периодот од 2015 до 2017 година, кој клуминираше со групна фаза во Лига Европа.

За Риека ова е трет трофеј во Купот во последните четири сезони, а овој клуб практично го одбрани пехарот освоен лани со триумфот против Динамо Загреб со 3-1. Сега триумфира против филјалата на „модрите“, а во 2017 година, која беше историска за клубот Стефан Ристовски и Леонард Жута, двајцата тогашни македонски репрезентативци беша незаменливи во екипата која стана и првак.

Инаку за Риека ова е шести куп-трофеј, пехар кој го освоија уште и во 2005, 2006 и 2014 година. Херој на риечани е Тибор Халиловиќ, кој ги казни сите утки на Локомотива и во 76-та минута погоди за да го реши финалето и да донесе нов трофеј на „Руевица“.