Велковски со победничка асистенција за Риека со додавање од 40-на метри (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски со својата асистенција денеска ѝ овозможи победа на Риека против Хрватски Драговоац со 1-0 за екс-хрватскиот првак да го завери четвртото место во многу неизвесната сезона во ХНЛ-лигата.

Велковски мајсторски уште во втората минута од мечот со додавање од 40-на метри по земја му отвори шанса на Колумбиецот Хорхе Обрегон, кој не згреши и погоди, а тој гол се покажа на крај доволен за 20-та сезонска победа на риечани.

Велковски според најавите од Хрватска најверојатно ја завршува својата авантура после четири години во Риека, каде дојде во летото 2018 година како слободен играч од Вардар.