Поранешниот талент на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Ердон Даци стигна до четири годишен професионален договор со турски Коњаспор, бившиот клуб на Адис Јаховиќ, откако денеска младиот напаѓач ја потпиша соработката после две години во младинскиот погон во тимот.

Даци е еден од многумината вардарови таленти од кои најтрофејниот клуб лесно се откажа. Без перспектива во Македонија замина во Коња во младинскиот погон, потоа играше и за Есхишехирспор во младинскиот погон, а сега се сиот свој напор, амбиција и работа е награден со професионален договор.

„Ова носи голема одговорност за мене. Јас продолжив со работа во вториот дел од сезоната, многу дисциплинирано и сето ова вредеше за довербата. Овде имам извонредни услови, сите работиме многу добро и со многу голема мотивација и амбиција продолжувам да работам. Верувам дека оваа сезона ќе биде исполнета со многу успеси и за тимот и за мене. Едвај чекам да почне лигата“, вели Даци.

Младиот фудбалер пред една година требаше да дојде во чаирски Шкупи, почна да тренира со чаирчани, но ФИФА го стопираше трансферот и тој остана во Турција. Даци беше еден од најталентираните вардарови фудбалери во својата генерација, а беше дел и до шампионскиот состав кој играше во квалификациите за ЛШ за Вардар во елиминацијата од Салцбург, кој потоа стигна до европската круна.