Тричковски избран за најдобар фудбалер на Кипар!

Макеоднскиот репрезентативец Иван Тричковски е избран за најдобар фудбалер во оваа сезона во Кипар и тоа во гласањето на тренерите во најсилната кипарска лига.

Тричковски сезонава даде 24 гола на 39 меча, но повредите го спречија неговиот ефект да биде уште подобар, посебно од јануари навака, кога едноставно популарниот Тричко експлодираше. Тричковски поради повреда на ребро ја заврши сезоната и веројатно ќе ги пропушти мечевите за македонската репрезентација на почетокот на јуни со Полска и со Австрија во Скопје.

Македонскиот репреентативец, член на АЕК Ларнака сезонава играше и во групите во Лига Европа, беше еден од хероите во историскиот пласман (шест гола и шест асистенции), а еден од најдобрите на тимот и во кипарскиот шампионат. Плус стана рекордер по број на голови во АЕК, а најдобар странец стрелец во кипарскиот фудбал.

Во понеделник на свечена церемонија Тричковски ќе ја добие престижната награда на Кипар. Најдобар тренер е кормиларот на АПОЕЛ, Паоло Термецани, а најдобар новајлија Матија Шполјариќ од Алки