Тотално лудило: Навивач на Гецтепе со корнер-знамето претепа противнички голман (ВИДЕО)

Додека сето внимание е вперено кон Светското првенство во фудбал, тотално луди сцени доаѓаат од Турција и второлигашката пресметка на Гецтепе и Алтај, која не се доигра поради тотален хаос во кој настрада и голманот на гостите.

Во период на прекин откако пиротехничко средство повреди навивач, па на теренот имаше брза помош, крај која стоеа фудбалери на Гецтепе и голманот на Алтај, навивач го искорна корнер-знамето, се упати кон голманот и – го претепа со него!

Полицијата го уапси напаѓачот, ама шанси да продолжи мечот немаше, па според информациите потоа во тунелот имало масовна тепачка на фудбалерите и стручните штабови на двата тима. Во Гецтепе во два мандати играше екс-македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ, миленик на навивачите на овој турски клуб, кој си замина летоска во Болуспор после испаѓањето од Суперлигата.