
Тирана со слика од 1945 година го најави дуелот со Ц. Звезда и ги шокира – Србите (ФОТО)
И покрај традиционалната нетрпеливост помеѓу двете земји, управата на Тирана на несекојдневен начин и со необична фотографија од пред дури 75 години ја најави пресметката со поранешниот европски шампион со што воедно ги шокира Србите. Кај нашиот северен сосед на големо се пишува дека ова е прво гостување на Ц. Звезда во главниот град на Албанија, но тоа не е точно бидејќи белграѓани едни од првите пријателски средби по основањето во 1945 година ги одиграла токму во овој град.
„ФК Црвена звезда првпат пријателска средба против Тирана одигра уште далечната 1945 година. Натпреварот се одигра на стадионот 'Кемал Стафа', а овие два тима во вторник одново ќе се сретнат по пауза од дури 75 години“, напишаа од албанскиот тим на својот профил на Инстаграм.