Тинејџер пред сензационален трансфер – од Втората српска во тим од Премиер лигата (ФОТО)

Миодраг Пиваш, дефанзивецот на новиот член на српската елита, екипата на Јединство од Уб, е пред трансфер на кариерата, откако сериозна заинтересираност за негов ангажман изразил англискиот премиерлигаш Њукасл.

Станува збор за 19-годишно фудбалер, кој е виден пред „Сент Џејмс Парк“ во друштво на менаџерот, што веднаш предизвика шпекулации за трансферот. Од потенцијалниот трансфер на Јединство би му припаднала отштета од 600.000 евра.

За Пиваш неодамна говореше и Немања Матиќ, првиот човек на тимот од Уб кој минатата сезона заврши на втората позиција во Втората лига и кој го спореди со Немања Видиќ и Бранислав Ивановиќ. Пиваш може да игра и како дефанзивен играч за врска, а за тимот на Јединство одигра 35 натпревари и постигна еден гол.