Тајсон да им позавиди на ударите: Масовна тепачка на турнир во мал фудбал во БиХ (ВИДЕО)

Финалниот натпревар на Божиќниот турнир во мал фудбал во Витез (БиХ) заврши со голем инцидент, откако на теренот изби масовна тепачка меѓу играчи и навивачи со размена на удари на кои би им позавидел дури и Мајк Тајсон, поради што мораше да интервенира и полицијата.

Средбата, која требаше да биде кулминација на турнирот што традиционално се игра во празничен дух и заедништво, беше прекината по немилите сцени во кои, според организаторите, некоректно се однесувала екипата од Зеница – „Влечна служба Чејван“. Во моментот на прекинот, екипата „Автоперална Киќо“ водеше со 4-1.

Судиите беа приморани да го прекинат натпреварот и да го чекаат пристигнувањето на полициските службеници, кои ја смирија ситуацијата и ги отстранија лицата што влегоа на теренот и учествуваа во општиот метеж.