Кошмарот на Џошуа продолжува: Повредите се тешки, ќе биде откажан дуелот со Фјури
Британските медиуми открија дека боксерот претрпел полесни повреди и е во стабилна состојба. Сепак, блиските до Џошуа тврдат дека тоа не е сосема точна, бидејќи тој од вчера чувствува големи болки во ребрата и колената.
Борбата на Џошуа против Тајсон Фјури може да биде одложена, објавува „Дејли меил“. Таа требаше да се одржи во Ријад во текот 2026 година, но по новиот развој на настаните и загинувањето на два члена на стручниот штаб на Џошуа, многу веројатно нема да биде на програмата.