Навивачите на Денвер имаат порака: Молете се за Јокиќ (ФОТО)

Неколку часа по повредата, навивачите на Денвер Нагетс на социјалните мрежи објавија повик за молитва за српскиот ас.

 „Круг на молитва: Јокиќ е добар“, пишува во објавата, заедно со графика од молитва за незаменливиот.

На истата фан страна нешто подоцна беше споделена фотографија од Јокиќ со натпис: „Кошаркарски богови, ни требате сега“.