Две сценарија за судбината на Јокиќ: Еден месец пауза или крај на сезоната
До моментов не се знае дијагнозата на Јокиќ бидејќи е потребно да се направимагнетна резонанца, но докторот тврди дека од она што го видел, може да направи точна прогноза, односно анализа.
„Врз основа на тоа, ми се чини дека постојат две опции. Подобрата е Јокиќ да доживеал хиперекстензија, а полошата е да ги скинал лигаментите на коленото. Во првиот случај, ќе биде надвор од теренот околу еден месеца, а во вториот, сезоната за него е завршена. Повеќе ќе се знае откако Јокиќ ќе се подложи на магнетна резонанца денес“, вели Џефрис.
Во двата случаја, ако навистина се случи тоа што го прогнозира докторот, се чини дека шансите за четврта МВП титула на Никола Јокиќ се гаснат денеска, поради правилата на НБА. Во конкуренција за ова признание влегуваат кошаркари кои во основниот дел од сезоната ќе одиграат најмалку 65 натпревари. Заедно со утрешниот меч против Торонто, Денвер во следниот месец го очекуваат 18 натпревари и заедно со едниот што го пропушти досега, може да стигне најмногу до 63 оваа сезона и тоа во подобриот случај. Ако повредата се покаже потешка, не само што МВП трофејот е загубен, туку во прашање ќе биде доведен и пласманот на Денвер во плејофот.
Ова е невидена штета ако се знае дека Јокиќ сезонава има просек од 29,9 поени по натпревар со 60,4 проценти успех во шутирањето од поле, плус 12,4 скока и 11,1 асистенции.