Кратко траеше радоста на Зајц - го дисквалификуваа поради бизарна причина!
Зајц имаше скокови од 133,5 и 138 метри, меѓутоа не се искачи на победничкиот подиум затоа што го дисквалификуваа поради тоа што неговиот дрес бил долг три милиметри повеќе од тоа што е дозволено.
Тренерот на националниот тим на Словенија, Роберт Хргот беше разочаран поради дисквалификацијата, па имаше што да каже.
„Три милиметри не се премногу, но правилата се јасни и мора да ги прифатиме. Разочарани сме, но ќе продолжиме да работиме“, кажа тренерот.
Победник на натпреварувањето беше Домен Превц со скокови од 141,5 и 140 метри.