Мароко и Мали се пласираа во осминафинале на Африканскиот куп на Нации (ВИДЕО)

Репрезентативците на Мароко успеаја да слават со убедливи 3-0 против Замбија и да го освојат првото место во групата А, додека Мали ремизираше против Комори без голови (0-0) и како второпласирана екипа од групата се пласира во осминафинале.

Ајуб Ел Каби во деветтата минута ја затресе мрежата на Замбија за предност од 1-0 на Мароко, додека Брахим Дијаз во продолжение на првиот дел зголеми на 2-0.

Третиот гол беше дело на Ел Каби во 50. минута кога ги постави конечните 3-0 и обезбеди триумф за Мароко.

Фото: Facebook/Équipe du Maroc