Легенда на Ливерпул се борела за живот: Тоа беше страшно искуство!

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Иан Раш откри дека неодамна се борел за живот откако претходно се онесвестил во својот дом, па бил пренесен во болница поради проблеми со дишење.

Раш во разговор за „Би-Би-Си“ откри дека тоа било застрашувачко искуство, но сега се чувствува посилен од било кога.

„Помислив на најлошото, мислев дека доаѓа крајот. Не можев да дишам. Беше многу тешко и мило ми е што докторите ми помогнаа. Неколку пати помислив дека можеби нема да издржам долго, но сега се чувствувам подобро и посилно“, кажа Раш.