Џошуа за „влакно“ ја избегнал смртта - загинал човекот кој седел до него (ВИДЕО)

Објавени се нови детали за тешката сообраќајка во Нигерија во која учествуваше и британскиот боксер Ентони Џошуа, а во која загинаа и двајца негови тренери и пријатели.

Локалните медиуми пишуваат дека несреќата се случила на автопатот Лагос - Ибадан, во близина на една бензинска пумпа кога луксузниот „Лексус“, во кој се наоѓал боксерот, се удрил во камион кој бил застанат покрај патот.

Џошуа и пријателите се движеле во две возила. Во првото, односно во „Лексусот“ се наоѓал боксерот и други три патници, додека зад нив било обезбедувањето.

„Ентони седеше покрај возачот, а имаше уште едно лице. Покрај возачот седеше и патник, што значи дека во Лексусот кој се судрил биле четири патници“, раскажуваат очевидци.

Боксерот седел зад возачот, а тоа на крајот му го спасило животот затоа што двете лица кои биле од десната страна, совозачот и патникот зад него загинале на лице место.