(ВИДЕО) Ужас во Мајами: Се повреди Никола Јокиќ!

Најдобриот кошаркар во НБА лигата последните пет сезони Никола Јокиќ доживеа повреда на ноќешниот натпревар против Мајами поради што мораше да го напушти теренот по завршувањето на првото полувреме и повеќе не се врати во игра.

До повредата дојде кога соиграчот на Јокиќ, Спенсер Џонс го згазна српскиот кошаркар во долниот дел од ногата што предизвика повреда на левото колено. Јокиќ се струполи на подот, почна да се превиткува од болка, му помогнаа да стане, а потоа сам се упати кон соблекувалната.

 

 

Иако беше прегледан од клупските доктори, повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден кога е планирано да биде извршена магнетна резонанца. Нагетс денеска патуваат за Торонто каде утре треба да се сретнат со Репторс во третото гостување во низа.

 

 

До повредата, Јокиќ имаше 21 поен, осум асистенции и пет скока и беше на добар пат до нов трипл дабл. Денвер на крајот го загуби натпреварот во Мајами со 123-147, што е втор пораз по ред и 10. оваа сезона.

Досега Јокиќ пропушти само еден натпревар сезонава и има трипл дабл просек: 29,9 поени, 12,4 скока и 11,1 асистенции.