Српски ужас: Навивач нокаутира тренер, фудбалер турна судија, дете настрада во стампедо (ВИДЕО)

Нереди и насилство ја одбележаа изминатата фудбалска недела во неколку лиги на подрачјето на Белград, при што е настрада дете, сериозно е повреден тренер, а судија бил физички нападнат.

На натпреварот од Првата белградска лига меѓу Омладинац од Рајковац и Рад, во 70. минута на трибините настанала паника, откако дел од публиката почнала да бега кон излезите. Во хаосот, дете беше соборено и прегазено додека се обидувало да се извлече од турканицата. На трибината подоцна биле забележани групи навивачи со обележја, а причината за инцидентот сè уште не е официјално утврдена. Не е познат ниту степенот на повредите на детето.

Неколку часови подоцна, по завршување на натпреварот од Втората кадетска лига меѓу ОФК Младеновац и БСК Батајница, дошло до физички напад врз тренерот на домашниот тим. Навивач на гостите го удрил со глава го удри во пределот на носот. Полицијата го уапсила напаѓачот, додека тренерот бил префрлен во Ургентниот центар.

Инциденти биле забележани и на мечот од Зонската лига Белград меѓу БСК 1926 и Врчина на Ада Циганлија, каде што главниот судија Лазар Јанчевски бил физички нападнат. Фудбалските органи најавија дисциплински постапки и строги санкции против сторителите, со порака дека ќе се работи на спречување на идни инциденти на спортските терени и трибините.