Српска фудбалска легенда почина денеска - на својот роденден

Српскиот фудбалски тренер Милорад Косановиќ почина денеска, на 75-годишна возраст. Тој почина по кратко боледување и тоа на неговиот 75. роденден.

Роден е на 4 јануари 1951 година во Шидски Бановци, а почнал да игра фудбал во Борово. Се преселил во Шведска во 1971 година и освоил три трофеи со Малме. Настапувал и за Пролетер од Зрењанин, Војводина и Нови Сад, каде што ја завршил кариерата во 1983 година.

Тренерската кариера ја започнал во Војводина, која ја водеше од 1992 до 1995 година. Во два мандата, од 1997 до 1998 година и во текот на 2007 година, ја предводеше Црвена Звезда. Работел во земјата и во странство, сменил многу клубови, а неговиот последен ангажман бил во Лучани во 2023 година.