Скандал во Бугарија: ЦСКА ќе „летне“ од лигата, зашто давала - мито?!

Најтрофејниот бугарски клуб ЦСКА Софија би можела да биде исфрлена од елитната лига поради местење натпревари.

Скандалот во бугарскиот фудбал се појави по мечот од 32. коло во домашниот шампионат меѓу Черно море и ЦСКА, кој го добиле гостите со 3-1.

Шест стандардни фудбалери на тимот од Варна не биле во првиот тим, а тие биле однесени потоа на детектор за лаги.

Тие се обвинети дека земале мито и свесно влијаеле на конечниот резултат против ЦСКА. Доколку се покаже тоа како вистина, тогаш најтрофејниот бугарски клуб ќе биде исфрлен од бугарскиот шампионат и европските натпреварувања.

Екипата од Софија сезонава ја заврши на второ место со бод помалку од Лудогорец.