Сити и Дортмунд го демнат Елмас: Скаутите ќе го гледаат бисерот и во Загреб!

Англиски Манчестер сити и германска Борусија Дортмунд не тргаат очи од најталентираниот макеоднски фудбалер Елиф Елмас, па скаутите на овие два тима кои играат во Лигата на шампионите ќе бидат и вечерва присутни на „Максимир“ за во живо да го следат мечот на Елмас против Динамо Загреб на отворањето на новата сезона во Лига Европа.

Елмас од поодамна е на радарот на „граѓаните“ и на „милионерите“, а неодамна турски меидуми повикувајќи се на доверливи информации објавија дека скаутите на Дортмунд веќе дале препорака до раководството да се купи зимава Елмас по секоја цена, а таква наредба дал и тренерот Лусиан Фавре. Борусија Дортмунд е познат по ангажманот на млади фудбалери кои за брзо време ги прави суперѕвезди, па во Елмас гледаат голема перспектива.

Уште од летоска, Манчестер сити исто така фрли око, а англиските медиуми посочија дека Елмас во бележникот на Пеп Гвардиола е прв пик за ангажман од групата на тинејџери. Затоа и не чуди фактот што постојано скаут на овој премиерлигаш го следи Елмас на натпреварите на Фенербахче.

Но, во трката за Елмас, која од поодамна е доста силна сооглед дека во групата на заинтересирани се и Манчестер јунајтед, ПСВ Ајндховен, Феенорд, според турските медиуми сега влегува и италијанска Рома, шпански Атлетико Мадрид, португалска Бенфика... Сите овие се европски великани и гиганти, кои нема да штедат пари, а откако Елмас даде гол за победа против Коњаспор, најавено е дека ќе добие нов подобрен договор, од причина да се зголеми откупната клаузула. Во моментов цената на Елмас е 25 милиони евра, ама уште лани на доаѓање, управата на Фенербахче најави дека Елмас многу брзо ќе достигне и цена од 50 милиони евра.

Младиот македонски бисер лани замина во Фенербахче од Работнички, буквално за беспари, а турците победија во трката во која многу упорни биле и од Манчестер сити.