Синот на Јаховиќ со многу емоции ја пее - турската химна!? (ВИДЕО)
Одамна Јаховиќ не е во фокусот на македонскиот селектор Игор Ангеловски, па наместо со репрезентативни обврски, овие двонеделни паузи ги користи повеќе да се одмори и да си биде со семејството, а неговиот син вчера со многу емоции пред телевизор го гледаше мечот на Турција против Албанија, посебно кога се интонираше турската химна.
Јаховиќ јуниор во еден здив ја отпеа химната, со раката на срце, додека се интонираше ќ на теренот на „Водафон Арената“ во Истанбул, каде што фудбалерите на Турција во финишот стигнаа до победа.