Во текот на прославата на шампионската титула, автобусот со фудбалерите на Црвена Звезда се запали, но за среќа сите играчи безбедно го напуштија возилото.

Причината за пожарот не е позната, но од пожарникарската служба соопштија дека најверојатно причина за истиот е користењето на пиротехнички материјали.

Ниту тоа не ги спречи да ја прослават титулата, па прославата продолжила во еден ресторан во Белград.