Се симна од коњ на магаре: Муслиу избега од Вардар за да заврши во – Приштина!? (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу, за кого Џенова била заинтересирана, а се споменуваа и Шкендија, Пушкаш Академија (Унгарија) и Омонија (Кипар) како можни следни дестинации во неговата кариера откако по шест месеци избега од македонскиот шампион Вардар на крајот заврши во косовска Приштина.

Иако му се предвидуваше блескава иднина, а за шест месеци стана стандарден макеоднски репрезентативец, играше Лига Европа, сите очекуваа дека Муслиу ќе има огромен напредок и дека ќе направи добар интернационален трансфер, но стоперот се симна од коњ на магаре, па сега тренира со косовскиот клуб. Порталот на албански јазик „Инфоспорт“ објави дека Муслиу тренира со Приштина.

Пред два дена италијански меидуми објавија дека во преговори е Џенова за да го ангажира, а менаџерот на Горан Пандев треба да ја заврши работата за да дојде во Серија А. Џеновјаните ќе треба да платат само 200 илјади евра тренинг-компенцзација, од кои најмногу ќе заработи Ренова, затоа што Муслиу поради аматерскиот статус во Вардар, и покрај тригодишниот договор, може да си замине кога сака.

Претходно се најавуваше дека Пушкаш Академија и Омонија се силно заинтересирани, откако избега од подготовските на Вардар, а кулоарите гласно најавуваа дека на крај може да завши во есенскиот првак Шкендија, која има недостаток од квалитетни дефанзивци.