
Ракитиќ се огласи по солзите во дербито - не станувало збор за пензија!
Но по триумфот во дербито внимание привлекоа и солзите на Иван Ракитиќ, а низ хрватските медиуми се шпекулираше дека тие можеби значат и дека хрватскиот ветеран ќе се пензионира по крајот на сезоната.
Сепак, Ракитиќ се огласи на социјалните мрежи тврдејќи дека во овој момент не донел никаква одлука.
„Ви благодарам на сите за пораките. Емоциите се дел од фудбалот, но не сум донел никаква одлука, ниту пак нешто официјално најавив. Сè уште има работа пред да ги закачам копачките на клин“, oбјави Ракитиќ на својот Инстаграм профил.