Прв случај во „Хумска“: Коронавирус „тропна“ и на вратата на Партизан!

Пандемијата на коронавирусот не ги заобиколува ниту спортистите, а денеска е забележан прв случај и во таборот на српскиот гигант Партизан.

Станува збор за поранешниот фудбалер на црно-белите, а сегашен шеф на скаутите на овој клуб, Звонко Поповиќ (59 години). Тој пред неколку дена ги почувствувал првите симптоми на болеста Ковид-19, имал висока телесна температура и отежнато дишење, по што е потврдено дека е заразен со вирусот.

Поповиќ настапуваше за Партизан во периодот од 1980 до 1985 година. Тој е прв потврден случај на заразен со коронавирус во „Хумска“, откако пред неколку дена беше објавено дека позитивен на тестот за Ковид-19 е поранешниот член на црно-белите, Звонко Варга.