Пријателот на актуелната гарнитура на ФФМ доби клоца од - своите!

Давор Шукер наскоро ќе биде сменет од функцијата претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз, јавува „Индекс“.

Најголемата индикација дека Извршниот одбор му го врти грбот на легендарниот фудбалер е одбиениот предлог за нов селектор на младинската репрезентација на „коцкестите“. Сите 12 членови на Одборот го одбиле предлогот на Шукер за селектор на У-21 да биде назначен Горан Томиќ, актуелниот тренер на Локомотива, на местото на актуелниот селектор Ненад Грачан.

Се очекува на место на Шукер да претседателската фотелја да седне Маријан Кустиќ. Имено Шукер важи за еден од најголемите пријатели на актуелната гарнитура на Фудбалската федерација на Македонија.