Пресврт: Мојсов останува во АЕК Ларнака!

Поранешниот македонски репрезентативен дефанзивец Даниел Мојсов веќе извесно е дека ќе остане дел од кипарска АЕК Ларнака, каде соиграч му е актуелниот репрезентативец и најдобар стрелец на Кипар, Иван Тричковски, објавија медиумите на Кипар.

Мојсов се најавуваше дека ќе си замине од АЕК Ларнака, сооглед дека му истекуваше договорот, а во последниот период до паузата предизвикана од коронавирусот не беше ни дел од првиот тим, но очигледно се случил пресврт, па кипарците и македонскиот интернационалец нашле заеднички јазик.

Според медиумите на Кипар, Мојсов и АЕК успеале да се договорат за нова соработка, но засега нема информации за колкав договор се договориле. Мојсов дојде на Кипар во 2016 година, ама сезонава играше најмалку – само седум меча.

Кипар го прекина првенството и не одреди првак, но АЕК Ларнака извиси за Европа.