 
  Поранешен играч на Манчестер Јунајтед во стручниот штаб на српската репрезентација
Пауновиќ ќе дебитира во ноемвриските квалификации, првиот меч ќе биде против Англија на Вембли, но Србија е само со теоретски шанси за пласман на Светското првенство. Јасно е дека главната цел за новиот селектор ќе биде претстојното издание на Лигата на нации, како и квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Во стручниот штаб на Пауновиќ ќе има неколку познати стручњаци, но и лица кои оставиле трага во фудбалот. Меѓу нив и поранешниот репрезентативец на Јужна Африка и играч на Манчестер Јунајтед, Квинтон Фортјун кој последните пет години му е верен асистент на српскиот стручњак.
Фортјун беше член на Јунајтед од 1999 до 2006 година и со овој тим освои една титула во Премиер лигата и една во Суперкупот на Англија. Претходно играше и за Атлетико Мадрид и Мајорка, а подоцна за Болтон, Бреша, Тубизе и Донкастер каде во 2010 година ја заврши кариерата.