Милојевиќ е подготвен да замине од кормилото на Ц. Звезда - управата размислва!

Вчера Црвена звезда прокоцка водство од 2-0 на гостувањето кај Војводина која го доби мечот со 3-2, овој резултат ја прели чашата па тренерот Владам Милојевиќ ѝ кажал на управата дека е подготвен да го напушти кормилото.

Тој ја понудил својата оставка, но управата засега не ја прифата бидејќи нема соодветно решение за нов тренер.

Според српските медиуми, најверојатно тренерска промена ќе се случи во декември, а може и порано доколку клубот најде соодветен тренер.

Како прв кандидат се споменува Алберт Риера, а се шпекулира и со Александар Коларов. 

Милојевиќ нема да замине веднаш, но многу се мали шансите тој да ја води Црвена звезда и во вториот дел од сезоната.