 
  Шкендија доби подарок – почетничка грешка на тинејџерот на голот на Брера (ВИДЕО)
Тинејџерот, за кого ова беше втор меч сезонава на гол-линијата на струмичани, направи почетничка грешка и дозволи топката да го прескокне, што му овозможи на Фитон Адеми да им донесе водство на тетовци уште во 12. минута. Петнаесетина минути подоцна, составот од Тетово го удвои водството преку Ване Крстевски, кој потоа не се радуваше со оглед што кариерата ја почна токму во тимот на Брера.
За Шкендија ова е исклучително важен меч во кој брка триумф со кој би го одржала чекорот во трката со Струга и Вардар во битката за врвот на табелата.