Почина прославен напаѓач на Партизан и репрезентативец на Црна Гора

Поранешниот напаѓач на Партизан, Андрија Делибашиќ, почина на 44-годишна возраст по двегодишна борба со тумор на мозок, јави Радио Телевизија Црна Гора.

Тој се прослави со настапите за Партизан, каде беше најдобар стрелец на тимот во Лигата на шампионите, постигнувајќи голови против Порто (двапати) и Олимпик Марсеј. По заминувањето од белградскиот клуб, кариерата ја продолжи во повеќе европски екипи, меѓу кои Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, Беира Мар, Реал Сосиедад, Еркулес и Рајо Ваљекано, а настапуваше и во Тајланд за Рачабури, како и за црногорската Сутјеска.

За репрезентацијата на Црна Гора одигра 21 натпревар и постигна шест голови.