Партизан во Лозана ќе бара да ѝ се одземе титулата на Ц. Звезда поради скратената сезона

Белградски Партизан најавил судска битка за одземање на шампионската титула на најголемиот нивен ривал Црвена Звезда, поради скратената сезона во која црвено-белите експресно се крунисаа за старо-нови владетели во Србија.

Партизан, кој веќе загуби еден спор за спорната титула од 1946 година, сега најавува правна битка за да ѝ се одземе круната на Ц. Звезда, а ако не успее да ги мине судските лавиринти во Србија, правдата ќе ја бара преку Арбитражниот суд во Лозана.

Ова го најавил потпретседателот на Црно-белите, Владимир Вулетиќ. Партизан веќе ја подготвувале комплетната тужба против Фудбалскиот сојуз на Србија за во Лозана, но за да дојде до таму, ќе мора прво да мине низ судскиот систем на Србија, а Партизан се жали на укинувањето на плејофот за оваа сезона, која беше прекината поради коронавирусот, па се доигра само со четирите кола од регуларниот дел.

Бидејќи од поодамна обвинуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ стои зад Ц. Звезда и доминацијата на црвено-белите е негов плод, а бившиот телохранител Славиша Кокеза е претседател на ФСС (инаку бивш член на раководството на Ц. Звезда), Партизан воопшто не се надева дека ќе го добие случајот на српските судови, туку мора сето тоа да го мине правиот филтер, за да имаат можност да одат во Лозана.