Пандев: Како дете ја сакав Ц. Звезда и навивав за неа!

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев вчера во придружба на претседателот на Црвена Звезда, Светозар Мијаиловиќ ги посети просториите на српскиот гигант, како и музејот.

Пандев во изјава за официјалниот сајт на клубот кажа дека како дете ја сакал Црвена Звезда и навивал за неа.

„Како дете ја сакав Црвена Звезда и навивав за неа. Тоа е голем клуб и за него играа многу легенди. Има неверојатна историја и среќен сум што сум тука. Ќе го ставам овој дрес во мојата колекција“, кажа Пандев.

Поранешниот македонски фудбалер кажа и дека посебен впечаток му оставил музејот на Ц. Звезда.

„Музејот е прекрасен. Видов сè што освоил тимот, тоа ќе остане запишано во книгите. Знам колку навивачите го сакаат овој клуб и се надевам дека еден ден ќе ја освојат Лигата на шамиони “, кажа поранешниот фудбалер.

Пандев, исто така, кажа дека не му се остварила желбата да заигра за Ц. Звезда.

„Настапуваа фудбалери од Македонија за Ц. Звезда, но Дарко Панчев и Илија Најдоски оставија најголема трага. Среќен сум што Македонци испишале историја со екипата“, посочи Пандев.