Одземени бодови на Сараево поради хаосот во Купот!

Вистински скандал неодамна се случи во Купот на Босна и Херцеговина а мечот меѓу Сараево и Борац, кога екипата на голманот Дејан Илиев реши да го напушти теренот, а поради тоа доби остра казна.

Сараево го обвини фудбалскиот сојуз на БиХ за учество во криминал и местење натпревари, а поради тоа му беа одземени три бодови во домашниот шампионат и му беше изречена казна од 11.000 евра.

Фудбалскиот сојуз на БиХ го суспендира и претседателот на клубот, Исмир Мирвиќ на една година, додека спортскиот директор Сенијад Ибричиќ беше суспендиран на седум месеци.