Незапаметено: Романски клуб за два месеци смени – четири тренери!

Вообичаено за лошите резултати прв виновник е тренерот, па промените на клупата се „шок-терапија“ за да се тргне кон подобри резултати, но романскиот клуб Енергетичианула успеа да урне неверојатен рекорд па успеа за десет меча да смени – четири тренери.

Едвај поминаа два месеци откако сезоната почна за овој романски клуб, но резултатите не се очекувани, барем кај управата, која тренерите ги менува како чорапи на нозете. Тројца тренери ги сменила управата, ама последниот Богдан Андоне по само четири меча реши да си оди сам зошто добил подобра понуда.

Претходно тренери биле Кристијан Дулка, Георге Зима и Марин Тудораче. Иако тренерската смена е така честа, што досега е незапаметено за нормалните фудбалски земји, сепак Енергетичианула стабилно стои на средина од табелата во Втората лига со 17 бода.

Сепак, барем според управата, резултатите можеле, а и требало да бидат подобри.