Нема крај со шпекулациите за Барди – сега Коња и Анталија биле заинтересирани?!

Европскиот преоден рок во „лига петка“ заврши пред пет дена, после еден тон шпекулации за македонскиот репрезентативец Енис Барди и наводната негова продажба зимава, ама прикаските од Турција за трансфер не завршија зашто преодниот рок во оваа земја сѐ уште трае, па сега нови шпекулации се појавија за нашиот фудбалер за врска.

Откако се изредија приказни со Торино, Мајорка, Ница, Кадиз, Рајо Валјекано дека биле заинтересирани, дел и дека веќе подготвувале понуди кои воопшто и ги немаше до крајот на преодниот рок, Барди за турските медиуми остана интересен околу заминување, па сега кога нема клубови во Западна Европа, остана турските суперлигаши како опција.

Овојпат Коњаспор и Анталијаспор се двата клуба кои наводно се заинтересирани да го земат, како што објави Хасан Тунчел за „61сат“, медиум од Трабзон.

Барди во Трабзон дојде летоска за три милиони евра од Леванте и досега даде пет гола за новиот клуб, ама првакот сакал да го намали буџетот, а и раководството не било најзадоволно од настапите на македонскиот репрезентативец.

Инаку во Коњаспор и Анталијаспор изминативе години играше екс-македонскиот репрезентативен центарфор Адис Јаховиќ.