Младинскиот репрезентативец Тодороски ќе игра за Шибеник во оваа сезона

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Тодор Тодороски ја продолжува својата кариера во Хрватска во Шибеник, каде заминува на едногодишен заем до крајот на оваа сеона од Осиек.

Тодороски е поранешен фудбалер на Вардар, кој уште пред две години си замина од црвено-црните и потпиша за Осиек, каде прво играше за Б-тимот, а потоа одигра и неколку меча за првиот тим, но овој клуб не смета премногу на него, па Шибеник беше најупорен да го донесе и сега тоа го оствари.

Осиек не се откажува од Тодороски и во него гледа светла иднина, но во моментов предност имаат поискусни фудбалери, па затоа сега и го дава на заем во Шибеник, за да има минутажа, ама и да им биде на око за да го следат неговиот фудбалски развој. Осиек не стави ниту клаузула во договорот за заем за Тодороски да не игра против својот матичен клуб, па тој ќе може и на овие пресметки да игра за сега веќе новиот клуб.

Тодороски е стандарден десен бек и првотимец во младата македонска репрезентација до 21 година, предводена од Благоја Милевски и еден од низата вардарови таленти од кои најтрофејниот македонски клуб практично не заработи ништо поради ужасната работа на управата на македонскиот гигант.