Милојевиќ ја презема српската репрезентација, тренер на Звезда ќе биде - Коларов?

Поранешниот фудбалер на Интер, Рома и Манчестер Сити, Александар Коларов најверојатно ќе стане нов тренер на Црвена Звезда ако сегашниот предводник на овој тим Владан Милојевиќ ја преземе српската репрезентација.

Вељко Пауновиќ и Дејан Станковиќ отпаднаа од конкуренција за оваа функција, па Милојевиќ сега е прв фаворит за наследник на Драган Стојковиќ Пикси. Конечната одлука ќе биде донесена в петок, на седница на Управниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Ако ова се оствари, Коларов ќе го напушти Интер каде што во моментов е помошник на Кристијан Киву и првпат во кариерата ќе стане прв тренер во клуб. Претходно беше селектор на младата репрезентација на Србија, но по неколку дебакли си замина оттаму и се врати во Интер каде помина дел од играчката кариера.