Mилан платил милион евра за српски голман без ниту еден сениорски настап!

Екипата на Милан изненади со последниот потег на трансфер пазарот откако според информациите на српските медиуми договориле трансфер на голман од ТСЦ Бачка Топола.

Според информациите на српски „Моцарт спорт“, нов член на Милан ќе стане Илија Пнателин кој има само 18 години и нема ниту еден настап за сениорскиот тим на српскиот клуб.

Наводно, „росонерите“ за него ќе платат сума од еден милион евра со вклучени бонуси. Милан неколку месеци наназад го следел голманот во младинските категории и оценките на скаутите очигледно биле високи, па се одлучиле да го ангажираат.

Во минатата сезона Пантелин бранеше на 22 натпревари во младинската лига и неколку пати беше на клупата на сениорскиот тим, но не доби шанса за деби.

Исто така тој е и стандарден репрезентативец на репрезентацијата на Србија до 18 години.

Фото: TSC