„Марка“ најавува пресврт во ситуацијата со Модриќ и Реал Мадрид

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ би можел да остане во Реал Мадрид и по завршувањето на актуелната сезона, најавуваат шпанските медиуми.

Многумина сметаа дека договорот кој го потпиша Хрватот за сезоната 2024/2025 ќе биде негов последен со „кралевите“, но можеби нема да бие така.

Имено, според информациите на „Марка“, Модриќ преговара со Реал Мадрид за продолжување на соработката. 

Најголем мотив за Модриќ е да остане во врвна натпреварувачка форма за Светското првенство кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико во 2026 година.