
Лука Модриќ доби „непристојна понуда“ од словенечкиот пандан на Вардар!
Идејата звучи сензационално, порад што според неофицијални извори шансите за реализација на овој трансфер се исклучително мали. Амбициите на словенечкиот гигант, кој е своевиден пандан на наш Вардар, по освоената титула растат, а управата најавува зголемување на буџетот и засилување на тимот за настап во квалификациите за Лигата на шампионите. Во таа насока, Олимпија го контактирала Модриќ со понуда која, иако далеку од финансиски конкурентна на богатите клубови од Саудиска Арабија, се потпира на локацијата, блискоста до Хрватска и мирниот живот во Љубљана.
Овој потег на Олимпија следи по сличниот обид на Целје минатата година, кога клубот го контактираше Реал Мадрид со прашање дали може да разговара со Модриќ за потенцијален трансфер. Тогашниот тренер на Целје, Дамир Крзнар, кој има минато со Модриќ во Динамо Загреб, беше главниот адут во обидот. Иако звучеше неверојатно, проектот „Лука Модриќ“ навистина постоеше, потврди тогашниот спортски директор Валериј Колотило.
Модриќ неодамна официјално се прости од Реал Мадрид, каде што ја мина најславната фаза од својата кариера. Со „кралскиот клуб“ освои сè што може да се освои, вклучувајќи ја и Златната топка во 2018 година. Иако неговото заминување се очекуваше уште лани, тој реши да остане уште една сезона. Сега, на 39 години, добива понуди од бројни клубови, особено од Саудиска Арабија, со значително поголема финансиска моќ.