Легендарен фудбалер на Партизан имал мозочен удар – состојбата му е стабилна!

Поранешниот репрезентативец на СФР Југославија и голема легенда на Партизан, Џевад Прекази, имал мозочен удар, но се наоѓал во стабилна состојба.

Тој бил на Копаоник кога му се слошило, но неговите најблиски веднаш реагирале и го пренеле во болница, каде што лекарите веднаш почнале да го третираат, што му го спасило и животот. Засега останува под лекарски надзор, но се очекува набрзо да биде пуштен на домашно лекување.

Прекази десет години го носеше дресот на Партизан, за кој одигра 153 натпревари на кои постигна 19 голови. Потоа играше уште и за Хајдук, а добар дел од кариерата помина и во Галатасарај, каде што играше шест години. За клубот од Истанбул одигра 185 натпревари постигнувајќи 40 голови, поради што беше прогласен за најдобар странец во историјата на Галата.