Косово во следните неколку години ќе го има најубавиот стадион на Балканот, откако Фудбалската федерација на оваа земја ги објави плановите за изградба. 

Проектот денеска беше претставен пред јавноста. На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието, Кадри Весели, министерот за спорт, Кујтим Гаши и претседателот на Фудбалската федерација Ерол Салиху.