Кошмарно деби на Чешмеџиев за Вележ: Босанците со жесток рафал - кај го најдовте овој!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Константин Чешмеџиев по лошо ќе го памети своето деби за Вележ на сараевска „Грбавица“, откако за пола час тој и одбраната примија три гола од Железничар, па на полувреме беше заменет.

Жељо набрзина ја обезбеди стартната победа во новиот шампионат на БиХ, но настапот на Чешмеџиев во првото полувреме ги разбесни буквално сите во Мостар, па после мизерното полувреме, најголем дел од навивачите го поставуваа истото прашање – кај го нашле овој фудбалер?

„Прашање за 'струката', кај го најдовте Чешмеџиев.Тешко е да се најде збор за тимот, ама од сите најзагубен е стоперот Чешмеџиев. Логично прашање за сите во Вележ е како најдовте спор и тром дефанзивец? Тотално тактички изгубен и незаинтересиран. Колку чино овој? Па веројатно во школата има фудбалер кој за тие илјади марки може да биде статист. И за крај, со кои референци дојде Чешмеџиев во Вележ, како го избравте?“, пишуваат босанските медиуми.

Бившиот младински фудбалер на Македонија е поранешен фудбалер на Македонија ЃП, Академија Пандев и Шкендија, која му беше последен клуб и летово како слободен играч си замина од Тетово и се пресели во Мостар.